(ФОТО) Поради инфекција славниот пејач итно хоспитализиран:„Жал ми е, нема полошо од ова…“

Сер Том Џонс поради бактериска инфекција бил префрлен во болница, што резултирало со откажување на сите негови концерти во Британија. Преку социјалната мрежа, Твитер, им објаснил на фановите колку му е жал, а се извинил и поради тоа што вечерта не ја поминал со нив.

“Жал ми е, нема полошо чувство од она кога ќе разочараш некого, знам дека патувавте многу и планиравте со сите пријатели, знам дека сте разочарани, навистина, но добрата вест е дека, се надевам, ќе се видиме сите на 12-ти август.До тогаш, од длабочината на душата, ви благодарам за вашата поддршка и разбирање”, порачал.


“Сер Том Џонс има бактериска инфекција поради што добива болничка помош, За неговата состојба добро се грижат и се надеваме на брзо закрепнување.Тој е многу разочаран и жали што не може да настапи вечерва “, се вели во соопштението.
Инаку,минатата година, во септември, пејачот, кој бил во жирито на популарната музичка емисија “Voice UK’ (Глас на Велика Британија), ја одложи турнејата во САД, пет дена пред почетокот, исто така поради здравствената состојба, подоцна наведувајќи дека станувало збор за операција на колкот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …