(ФОТО) Поради фустан египетска глумица може да заврши во затвор!

Глумицата за црвениот тепих избрала црн фустан од мрежа кој ги откривал нејзините нозе и и се наѕирал задникот во црните гаќички. Сега поради тоа и се заканува казна затвор од пет години…
На египетската глумица и манекенка Ранија Јусеф (45) и се заканува затвор и до пет години поради фустанот кој го носела на отворањето на Филмскиот фестивал во Каиро.
Глумицата за црвениот тепих избрала црн фустан од мрежа кој ги откривал нејзините нозе и и се наѕирал задникот во црните гаќички. Против неа е поднесена тужба бидејќи со ваков начин на облекување „поттикнувала на неморал“, што е казниво со неколку години затворска казна.
Како и во повеќето муслимански земји, во Египет ваквото облекување е строго збарането. Судењето ќе биде во јануари идната година, а глумицата на Твитер веднаш се извинила на своите обожаватели.


„Би сакала да им се извинам на сите, првенствено како глумица на која и е многу важно што за неа мислат нејзините обожаватели. Се надевам дека сите ќе сфатите дека немав лоши намери и дека не сакав никого да налутам“, напишала Ранија на профилот.


Ова не би бил прв случај на добивање затворска казна поради „разуздано“ однесување и разголемно облекување. Имено, лани пејачката шаима Ахмед (27) е осудена на две години затвор поради контроверзниот спот за песната „I Have Issues“. Египетската музичарка во спотот глуми учителка која е многу разголена а патем лиже јаболко и јаде банана.
„Дегутантна е и неморална, го претставува сето она што нашето општество го презира“, пишувале тогаш за неа египетските медиуми. Освен затворска казна од две години, поради провокативниот спот Шаима морала да плати и одредена парична казна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 66-годишна актерка – Енди Мекдауел открила дека и е дијагностицирано ретко пореметување: „Мислев дека ќе вградам колк“

Актерката Енди Мекдауел вчера открила дека и е дијагностициран синдромот пириформис, ретко пореметување кое предизвикува …