(ФОТО) Починал принцот Филип: Принцот Хари се простил од својот дедо!

Војводата од Единбург, принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, почина на 100-годишна возраст, објави Бакингемската палата, пренесува Sky News.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Cambridges💖 (@thecambridgess_)


Во изјавата на Бакингемската палата се вели: „Нејзиното височество Кралицата со длабока тага ја објави смртта на нејзиниот сакан сопруг Неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург. Неговото кралско височество почина утрово во замокот Виндзор во мир“.


Војводата беше во брак со кралицата Елизабета Втора повеќе од 70. години. Во текот на 90-тите години, тој беше зафатен со програма за јавни ангажмани.

Тој, исто така, патувал по земјата поддржувајќи ја кралицата, и во државни прилики и за време на кралските посети.

За човек на негова возраст, тој уживал релативно добро здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cambridges💖 (@thecambridgess_)

На својот профил на Инстаграм и принцот Хари се прости од својот дедо, принцот Филип.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …