Вилата на кралот на рокот Елвис Присли позната како Грејсленд ќе остане во семејна сопственост по смртта на неговата ќерка Лиза Мари Присли.
Педесет и четиригодишната Лиза Мари почина минатата недела откако доживеа срцев удар. Нејзините три ќерки Рајли, Харпер и Финли ќе го наследат имотот во Тенеси, потврдил претставник на семејството.
View this post on Instagram
Присли стана единствениот наследник на Грејсленд и имотот од 1.626 квадратни метри кога наполни 25. години. Замокот, кој беше прогласен за национално историско обележје во 2006 година, беше отворен за јавноста како музеј во 1982 година, пет години по смртта на Елвис.
Секоја година вилата ја посетуваат повеќе од 600.000 посетители, а од сите домови во САД само Белата куќа е повеќе посетена.
Претставник на Грејсленд не одговори на прашањето дали имотот ќе остане отворен за јавноста.
View this post on Instagram
Минатата недела, претставник на семејството рекол дека Присли ќе биде погребана во близина на почивалиштето на нејзиниот татко Елвис и синот Бен на имотот. Бен (27) се самоубил во август 2020 година.
View this post on Instagram
Неколку дена пред неговата смрт, Лиза Мари го посетила Грејсленд за да го одбележи 88-от роденден на кралот на рокот.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram