(ФОТО) По шпекулациите дека се разведуваат, Силвестер Сталоне изненади со нов потег

Двојката ги „испеглала“ недоразбирањата…
Неодамна во јавноста се појави вест дека Силвестер Сталоне се разведува од сопругата Џенифер Флавин по 25. години брак.
Иако јавно зборуваа за нивното раскинување, славниот актер сега сите ги збуни со нова објава на Инстаграм. Имено, Силвестер објави слики со Џенифер на кои делува повеќе од среќно и заљубено.
– Прекрасно – стои во описот на фотографијата на која се држи за рака со сопругата.


Воодушевените обожаватели коментираа колку убаво изгледаат заедно и дека се пресреќни што се помириле.
Да потсетиме, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се венчаа во 1997. година. Парот има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …