По утринското обраќање на Владимир Путин и најавата за делумна мобилизација во земјата, Русите се обратија на пребарувањето на Google за да дознаат на кого се однесува и како можат да избегаат од земјата.
Уште од вчерашното објавување на говорот на Владимир Путин, Русите во страв од мобилизација почнаа да бараат на Google како можат да ја напуштат земјата.
Според Google Trends, потрагата по бегство од земјата стана многу популарна во Русија откако Кремљ и неговите полномошници објавија планови за анексија на окупирани територии во Украина.
Врвот на пребарувањата за „како да се избега од земјата“ според Google Trends бил вчера во 18. часот.
“Google data showed a spike in search queries on how to leave Russia” https://t.co/ogueJNajCX
— Bill Grueskin (@BGrueskin) September 21, 2022
Исто така, како резултат на утринското обраќање на Владимир Путин е забележано драстично зголемување на продажбата на авионски билети за прекугранични патувања од Русија, што ги подгреа шпекулациите дека Русите масовно бегаат од земјата.
The query "how to break an arm" has become a new trend in Russian Google. One wonders why? pic.twitter.com/bK5HtjmoRg
— Tadeusz Giczan (@TadeuszGiczan) September 21, 2022
Интересно е што Русите „прогуглаа“ и фрази како „како да скршиш рака“, но и општо објаснување за кого се однесува мобилизацијата.
Фото: Принтскрин/Twitter