(ФОТО) По филмот доаѓа серијата „Тома“, наскоро снимање на нови сцени!

По филмот кој никого не остави рамнодушен, следува серијал за легендарниот пејач Томи Здравковиќ.
Неделава започна снимањето на серијата „Том“ за животот и делото на познатиот фолк пејач Том Здравковиќ, а главната улога, како и во филмот, ќе ја толкува Милан Мариќ, додека Силвана Арменулиќ ќе ја толкува Тамара Драгичевиќ. Инаку, серијата ќе има 10 епизоди, а некои сцени ќе се снимаат во Сараево.

Режисерот Драган Бјелогрлиќ на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањето и порача: „Тома/серија… уште малку“.
Актерот Петар Бенчина, кој одигра забележителна улога во филмот „Тома“ – докторот Алекса Хаџиповиќ, со своите следбеници ги сподели првите кадри од серијата. Ова се сцените кои се случуваат во ВМА, во кои учествува и Милан Мариќ кој го игра Тома Здравковиќ.
Сценариото за овој проект го потпишуваат Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ. Бјелогрлиќ ќе ја има и улогата на продуцент, заедно со Жељко Јоксимовиќ.
Покрај Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ, во проектот ќе учествуваат: Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Марко Јанкетиќ, Иван Зекиќ, како и многу други.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …