Солена пита од јогурт со шунка и краставички и вкусно тесто можете да ја подготвите за „брза вечера“ или ненадејни гости…
Состојки:4 јајца,400 мл јогурт, 300 г брашно, 1/3 лажичка сол, 1/2 прашок за печиво, 150 г сечкана шунка или паризер, 150 г рендан каѓшкавал, 100 мл масло, неколку кисели краставички, 40 – 60 г мајчина душица или друг зачин по избор.
Подготовка:исечкајте ги шунката и краставичките. Кашкавалот ситно изрендајте го. Измешајте ги јогуртот и јајцата, додајте брашно, сол, печиво, се’ измешајте да добиете хомогено тесто, без грутчиња. Потоа додајте масло, шунка, краставички и кашкавал. И’, на крај мајчина душица или оригано на пример. Смесата префрлете ја во плех обложен со хартија за печење, не мора да биде многу високо туку е подобро слојот пред печење да е тенок, околу 3 – 4 см. Префрлете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 30 – 40. минути.
Малку изладената пита исечете ја на парчиња и послужете.
(ФОТО) Пита со краставички и шунка готова за час: Идеална за вечера, појадок но и предјадење!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.