(ФОТО) Пензионерка во пижами го избодела сопругот: „Сакав во срцето, но тој го нема“

Пенелопе Џексон, 66-годишна пензионерка од Велика Британија, ладнокрвно го убила сопругот и смирено чекала полицијата да ја приведе. „Мислев да го избодам директно во срцето, но тој го нема“, им рекла на полицајците кога им се јавила за да го пријави убиството од небрежност.
Британската полиција добила необичен повик кога Пенелопе се пријавила за убиството на нејзиниот сопруг Дејвид. Откако диспечерот прашалшто се случило, таа кажа се и не штедела на детали.
„Го убив сопругот затоа што ми беше доста. Можеби ќе одам и ќе го прободам повторно. Јас сум во салонот, тој во кујната и ако имам среќа ќе искрвави до смрт“.
Според Пенелопе, таа со децении преживувала злоупотреба и тортура. Нејзиниот сопруг бил крајно насилен кон неа, до тој степен што таа повеќе не сакала да живее со „ѓаволот“.


„Не знаев дали се будам со убавиот Дејвид или со ѓаволот. Поминав години одејќи по јајца за да не го вознемирувам. Сега дојде крајот“, рекла Пенелопе за време на сослушувањето.
Пенелопе седела во дневната соба во пижами, додека нејзиниот сопруг искрварел до смрт во кујната. Кога полицијата се појавила пред нејзината врата, ладнокрвно ги пуштила да влезат.
Таа на полицијата и ги кажала сите детали за убиството, што веднаш ги признала, со забелешка – „Требаше да го направам порано“.
„Тоје внатре, се признавам. Тој е на подот во кујната“, им рекла таа на полицајците.



За време на самото апсење, таа била повеќе загрижена случајно да не ги заборави палтото и влечките.
„Знам што направив и зошто. Ако не успеам да направам се како што треба, ќе бев навистина нервозна“, рече Пенелопе, оставајќи ги полицајците во шок.
Подоцна таа пред судот изјавила дека двојката се венчала во април 1996. година и дека двајцата биле во брак неколку пати порано. За време на сослушувањето, таа го призналаубиството од небрежност и неколку пати повторила дека долго размислувала за начинот на кој може да го убие својот сопруг.
Како што истакнала, тој често и се заканувал и ја малтретирал. Поради тоа, таа не направила ништо за да му помогне додека крварел во кујната. Сега и се заканува неколку децении затвор, но судот ќе го прифати фактот дека таа го признала делото. Ако се утврди дека навистина била злоупотребувана, тоа е уште една олеснителна околност.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …