(ВИДЕО) Со Мерцедес влетал на патеката и веднаш направил судар

Возењето по Нирбургринг за овој возач траела само две секунди.
Сообраќајните несреќи не се невообичаени на Нирбургринг, особено кога на патеката пристигнуваат неискусни возачи со моќни автомобили. Откако автомобилот „ќе се смири“ и се почитуваат неговите перформанси, треба да ја научите патеката, да вртите по кривина и дури потоа да почнете да уживате.
Овој сопственик на Мерцедес тоа го научил на најлош можен начин. Само што пристигнал на патеката, буквално по последниот конус, возачот ја изгубил контролата над автомобилот и со Мерцедесот завршил во оградата. Оваа необична несреќа ја снимил јутубер и легендата на Нирбургринг, Миша Шарудин, кој го снимал сообраќајот пред него со надзорна камера.
Дури откако „Мерцедес АМГ Ц63“ го поминал последниот конус и возачот притиснал на гасот, автомобилот ја започнал својата траекторија и завршил во заштитна ограда. Судејќи според возачките способности, можеби е подобро да ја заврши својата авантура уште на почетокот, отколку некаде во средината на кругот кога потенцијално може да доведе до далеку посериозна несреќа.
Видеото нема звук, но кренатата рака на Шарудин јасно кажува колку е неочекувана оваа несреќа. Не само што мерцедесот бил оштетен, туку сигурни сме и дека егото на возачот е сериозно нарушено по оваа несреќа.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …