(ФОТО) Ова никој не го очекувал:Шокирала со изјавата дека со сопругот има отворен брак!

Бракот на познатите глумци Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас е полн со подеми и падови, но и покрај се успеале да ја одржат заедницата…
Во брак се веќе 18. години, а неодамна Кетрин раскажала колку како семјество ги потресла веста за злоставувањето кое му било припишувано на нејзиниот сопруг. Но, дури ниту овој измислен скандал не успеал да го наруши нивниот однос.
Гостувајќи во шоуто „Today“ на NBC њус, Кетрин на водителите им открила која е тајната на нивниот однос.


„Многу сум среќна што успеавме да опстанеме заедно скоро 20. години. Никогаш не сум мислела дека е можно со некого да се минат толку години и дека се’ ќе биде идеално. Всушност, и не беше идеално, Мајкл и јас имаме отворен брак и врска. Кога имате деца кои не се виновни бидејќи се родиле во свет полн со неправди, тогаш морате да бидете отворени и се искрено да делите“ рекла глумицата.


Токму фактот дека се’ делат заедно се однесувало на недамнешната приказна на Кетрин Зита за обвинувањата за злоставување на нејзиниот сопруг. Тогаш, како што вели, таа и Мајкл седнале заедно со своите две деца и разговарале за овој скандал.
„Родена сум во Европа и многу ми е важно семејството така што ми е нормално сите заедно да седнеме на маса и да разговараме за тоа“, рекла Кетрин.
А изјавата дека имаат отворен брак на многумина им ги „вџашиила“ ушите.


View this post on Instagram

18 years.💕

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …