(ФОТО) Оскар 2023: Ја вратија елеганцијата на црвениот тепих, поради нив сè застана за секунда

Гламурот и елеганцијата не изостанаа, а еве кои актерки се истакнаа на 95-тото доделување на Оскарите.
Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Оскарите, најпрестижната филмска награда во Америка. Годинава отсуствуваше црвениот тепих и доминираше бојата на шампањот, а мошне впечатливо беше дефилето на гламурозните фустани и креации.
На секое ќоше доминираа креациите на луксузните модни куќи со скапи детали, а во продолжение погледнете кои дами навистина го одземаа здивот кога се појавија пред фоторепортерот.

Кејт Бланшет
И’ покрај тоа што го „избега“ Оскарот за главна женска улога, Кејт повторно се истакна на црвениот тепих во креацијата на француската куќа Луј Витон.



Ријана
Познатата пејачка се појави во интересна креација на брендот Alaia изработена од свила и кожа.

View this post on Instagram

A post shared by Oscars (@oscars.2023)


Мишел Вилијамс
Актерката се одлучи за фустан од колекцијата висока мода на Шанел со наметка од тул со мониста и богато извезено деколте.

View this post on Instagram

A post shared by CARAS (@carasbrasil)

Мишел Јео
Добитничката на Оскар за главна женска улога се одлучи за креација од модната куќа Диор со волуменозна форма украсена со пердуви.

View this post on Instagram

A post shared by Cinemarte (@ocinemarte)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …