(ФОТО) ОД ЕЛЕГАНТНИ КОСТУМИ ДО ЕКЦЕНТРИЧЕН СТИЛ: Бред Пит ВАКОВ не сме го виделе

Неговиот главен додаток деновиве се голема црвена чанта и капи…
Иако се уште важи за еден од најатрактивните актери во светот, Бред Пит (59) од неодамна изненадува со својот стил. Тој снима филм со својот колега и пријател Џорџ Клуни, а папараците последните денови успеаја да го фотографираат актерот во многу интересни комбинации.
Покрај необичниот избор на бои и еклектичен стил, Бред изгледа не се одвојува од големата црвена чанта, а се чини дека капите од различни форми и материјали станаа негов заштитен знак.
Сепак, во последното издание тој се надмина себеси, појавувајќи се во џемпер во пастелна боја, фармерки, со чантата што мора да ја има и волнена зелена капа.

Младешкиот изглед, интересните комбинации, експериментирањето со боите, се вистински показател дека никогаш не е доцна за промени.



Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …