Навики на успешни луѓе кои можете и вие да ги примените: Направете ги овие пет работи пред ДЕСЕТ ЧАСОТ НАУТРО

Утрото е најважниот дел од денот, па што правите тогаш е многу важно
„Денот се познава по утрото“, вели една стара поговорка. Успешните луѓе го знаат тоа, па денот го започнуваат организирано и следејќи одредени правила. Тие се едноставни и можете да ги примените.

1. Излезете на свеж воздух
Не мора да одите на прошетка, но можете да одвоите 5 до 10 минути за да ги поминете во двор или на тераса со шолја чај или кафе.


2. Пијте вода
За важноста на хидратацијата се напишани многу статии, но дали знаете дека е исклучително важно да пиете вода наутро? Имено, кога ќе се разбудиме телото ни е дехидрирано, па доколку не пиеме вода може да се чувствуваме нервозни, уморни или да имаме главоболка. Не само што ќе го хидрирате вашето тело, туку и ќе го започнете метаболизмот.

3. Извршете ги најтешките задачи
Успешните луѓе знаат колку е важно да се биде дисциплиниран. Прво ги извршуваат најтешките и најважните задачи, додека се уште се одморени и помотивирани. Затоа, прво фокусирајте се на оние проекти и обврски кои ги сметате за поважни од другите.


4. Без социјални мрежи
Ако го започнете вашето утро да се движите низ социјалните мрежи, треба да престанете да го правите тоа. Посветете го утрото исклучиво на себе, без да проверувате што прават другите, каде биле и со кого.

5. Физичка активност
Вежбањето дава бројни придобивки, како за физичкото, така и за менталното здравје. Одвојте 20 до 30 минути за вежбање наутро. Физичката активност може да помогне и во ублажување на анксиозноста и депресијата.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …