(ФОТО) СПАС ОД ПОСТ КОРОНА ЗА БОГАТИТЕ – ОБЈЕКТОТ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 54.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ: Стан кој е 200. метри под земјата чини еден милион долари

Најевтиниот стан во луксузен подземен бункер кој гарантира пет години опстанок по евентуална социјално-економска импплозија во САД чини милион долари. Исто така, оние поудобните варијанти за сместување се продаваат три пати поскапо. Овие подземни бункери биле изградени за богатите кои не жалат пари да се обезбедат од каква било евентуалност во пост периодот по короната.

Цилиндричен силос



Цената за одржување на стан во подземен бункер е 2.500 долари годишно и вклучува интернет, муниција, вода и електрична енергија. Компанијата „Survival Condos“ нуди станови во напуштените ракетни силоси „Атлас Ф“, изградени од страна на американскиот армиски корпус на инженери во средината на минатиот век а се наоѓаат во рурална Америка. Подземните ракетни силоси одат до 200 метри под земја и можат да примат 75. жители. Под куполата на објектот се наоѓа цилиндричен силос со 14.ката. Постои базен и просторија за водоснабдување на горните катови. Седум спрата се наменети за сместување, додека на последните четири ката има училница, библиотека, кино, бар и просторија за вежбање со сауна. Скалите и лифтовите одат на секој кат.
Бетонски sидови
Горниот дел од силосот има бетонски sидови дебели повеќе од 2,7 метри, додека изградбата на куполата може да издржи налети на ветер над 800 километри на час. Објектот има повеќе од 54.000 квадратни метри заштитен простор. Целокупната дизајнерска завршница на засолништето е „ултра модерна“ и користи најсовремена технологија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …