(ВИДЕО) ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД СТРЕСОТ ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА: Медицинска сестра секој ден свири на виолина на заболените од корона

Иако во овие тешки времиња тие се најмногу изложени на вирусот, медицинските работници сигурно имаат потреба од некаква форма на релаксација за да се ослободат од стресот за време на пандемијата.
Една 26-годишна медицинска сестра од Чиле, Дамарис Силва го нашла својот начин да се опушти, свирејќи им виолина на колегите и пациентите после завршување на смената.
Таа за нив свири некои од најубавите латиноамерикански песни, донесувајќи мир и спокојство на клиниката за Ковид-19 во Сантијаго, барем за еден момент.
Силва шета по салите со својата виолина и со тоа ги поздравува пациентите кои и возвраќаат со аплауз и насмевки на лицето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …