Мостот преку Големиот канал во лондонскиот кварт Падингтон е навидум неинтересен. Сепак, еднаш неделно, „Мостот што се тркала“ буквално се пресвртува. Се состои од осум триаголни делови со триаголен облик кои со шарки се прицврстени за тлото. Во вертикалните столбови на оградата на мостот се скриени клипови.
Овие клипови му овозможуваат на мостот да се свиткува и одвиткува по потреба.
Ова е единствениот мост од ваков вид во светот. Тој бил дизајниран во 2004 година од страна на Британецот Томас Хитвик.
Во текот на неделата, мостот служи со истата цел како и сите други: преку него да преминуваат пешаци. Меѓутоа, бидејќи се наоѓа на каналот преку кој пловат бродови, оваа дванаесет метри долга „грдосија“, како гасеница, се собира и останува на едната страна од каналот.
Мостот добил многубројни награди за дизајн и станал заштитен знак на Paddington Basin.