Алекс Родригез на социјалните мрежи објавил разголена фотографија од Џенифер Лопез.
Латино ѕвездата, 50. годишната Џенифер Лопез моментално се наоѓа во Русија која ја посетила во рамките на турнејата и им недостасува на сите дома, што јасно и го дал до знаење нејзиниот свршеник, 44. годишниот Алекс Родригез.
Тој на својот профил на Инстаграм објавил фотографија на која Џен се излежува во бело бикини кое едвај и ги „задржува градите“.
„Душо, знам дека растураш во Русија и имаш да одработиш само уште едно шоу. Ми недостасуваш и едвај чекам да се вратиш дома“, и порачал Алекс на својата мила.
Поточно, турнејата на Џенифер завршува после два месеци со концертот во Санкт Петерсбург и тоа после два полни месеци. Со оглед на тоа дека во тек се летните одмори едно време друштво на турнејата и правеле децата кои ги добила во бракот со Марк Антони, а 11. годишната ќерка Ема неколку пати и се придружувала и на сцената.
Во некои градови ја придружувал и Алекс и се вредно бележел на социјалните мрежи.
Џенифер неодамна го прослави 50. роденден, а за Алекс се свршила после две години врска, во март, кога тој клекнал пред неа на Бахамите.