(ФОТО) НИТУ НИЕ НЕ СМЕ ПОДОБРИ – Порака на станари во зграда во Белград е срамота: Дали сте нормални?

Сè уште учиме да живееме со мерки за заштита на коронавирусот, но ароганцијата на некои сè уште изненадува и поразува.
Фотографијата направена во лифтот во улицата  „Новосадскиот саем „ во Белград предизвикала големо внимание на Твитер затоа што потсетува дека и покрај стравувањата, жртвите, и покрај предупредувањата и наметнатите мерки за заштита, некои немаат намера да се откажат од најужасните навики.
„За жал, тројца станари починаа од коронавирус на нашиот влез. Неколку станари се сериозно болни. Покрај тоа, некој сè уште упорно плука на подот и во лифтовите. Дали сте вие нормални?“, стои во пораката напишана со фломастер, која на социјалните мрежи заврши како тажно и поразително предупредување.
“Не сме. Без оглед на ковид, не сме“, е одговорот што се наметнува.


Една година по почетокот на пандемијата, не знаеме сè за короната, но општо е познато дека главниот начин на пренесување е преку капки – кога некој кашла, кива или зборува гласно. Се покажа дека короната е многу полесно да се пренесува во затворен простор, а како мерки за заштита, се препорачува да се носи маска, растојание од два метра и редовно да ги миете рацете.

Фото: Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …