Повозрасните сигурно се сеќаваат на Арчи, музичарот кој настапи на неколку фестивали, „исфрли“ повеќе хитови…но, потоа преку ноќ замина во Дубровник (од каде што има потекло) и музиката ја остави на некои други…
Златимир Аревски, познат во македонската јавност како Арчи, неодамна станал татко. Шеесетгодишниот пејач пред месец и половина го добил вториот син, дознава „Слободен печат“.
Првиот син на Арчи, Горјан, студираше на Факултет за Драмски уметности, а изминатите години неколку сезони беше дел од хумористичното шоу „Фчерашни новости“.

Арчи веќе со децении живее во Дубровник, Хрватска и работи во угостителскиот бизнис.
(фото: принтскрин Ексклузив)
(фото: принтскрин Ексклузив)