(ФОТО) Неверојатни фотки:„Кралското семејство“ какво уште не сте го виделе!

Ниту една слика на фотографката Алисон Џексон не е автентична. Уметничката користи дублери за да го прикаже интимниот свет на славните. Ја нарекле „мајстор на манипулативна фотографија“ на славните…

Фотографката Алисон Џексон користи дублери за да ги имитира моментите од животот на британското кралско семејство. Контроверзните портрети на војвотката Меган (37) и принцот Хари (34), па Кејт Мидлтон (37) и принцот Вилијам (36) на 16. октомври ќе бидат изложени во Лондон.
Реакциите на нејзините најнови дела се веќе прекрасни.


Со духовит приказ на Камила (71), војвотката од Корнвол, ја насмеала британската јавност која сака за ѕирне во кралската интима, пренесува Mirror.
Лажниот Хари на една фотографија само со пешкир ги крие своите интимни делови, а лажната кралица Елизабета II (92) чита списание додека чека ред во фризерски салон.


View this post on Instagram


Sunday = pamper day with the girls #Royalty

A post shared by Alison Jackson (@alisonjacksonartist) on

Освен кралското семејство, голема инспирација за Алисон се и американскиот претседател Доналд Трамп (72), старлетата Ким кардашијан (37) и нејзиниот сопруг, раперот Кање (41) кој неодамна го променил името во Ји.

Кралското семејство веќе со години го портретира со дублери, па ги следела на свадби, бремености, деца…Ниту една нејзина фотографија не е автентична, а лажните фотографии на познатите, богатите и славните почнала да ги работи пред десетина години.

Алисон ја издала книгата „Confidentina“ во која во 2007. година шокирала со стотина лажни фотографии. Тогаш ја нарекла „мајстор на манипулирањето“.

Алисон со своите слики ги воодушевила следбениците на социјалните мрежи па бројот на фанови вртоглаво и се зголемил. Најмногу прашина кренале фотографиите на лицето кое личи на Доналд Трамп, со лажна мисица на Мексико и фотографии од „голо племство“.

Од нејзините фотографии дознавме и дека Трамп „твитерува“ додека извршува нужда, дека Меган Маркл сака да игра тенис во минич, дека принцот Вилијам правел селфи додека сопругата му се породувала…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …