(ФОТО) Нема крај на проблемите на Лепа Брена: Синот и доживеал клиничка смрт…

Стефан Живојиновиќ доживеал клиничка смрт за време на недамнешниот престој во Америка.

Стефан криел од родителите, Брена и Боба, дека во Мајами после неколку часа играње тенис, паднал во несвест на теренот и лекарите од Итната медицинска помош се посомневале на триминутна кома од кардиолошка природа.
„Да, тоа се случи во Мајами, само паднав и друго ништо не знам. Прекин на филмот. Траеше како вечност, а тие ми велат дека само неколку минути сум бил во несвест. Пријател веднаш повикал Итна помош и тие рекле дека состојбата личи на клиничка смрт. Немам појма, ништо не ми беше“, потврдува Стефан за Свет.
„Не му се јавив на никого бидејќи тоа може на секој да му се случи. Не смеев да и кажам на мајка ми, јас бев во Америка, а тие во Србија, ќе полудеа од грижи. Направив комплетни анализи и здрав сум како дрен, лекарите од Итната медицинска помош згрешиле“, вели тој.
Се’ се случило пред Нова година кога тој бил под голем стрес поради спотот и новата песна „Во другиот живот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …