„Исцелител“ ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот во Санта Барбара

Дебитантското остварување на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, „Исцелител“, ја освои наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија.
Ова е е трета фестивалска награда за филмот на Ставрески. Претходно, „Исцелител“, на премиерното прикажување на фестивалот во Солун доби награда од публиката во Солун. Потоа во Брисел, на Фестивалот на медитерански филм доби награда за најдобро сценарио.
Филмот е црна комедија за синот кој нема пари да му купи лекови за рак на болниот татко па почнува да го лечи со алтернативна медицина.

Играат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а камерата е на Дејан Димески. Македонската премиера беше на 19 ноември, на затворањето на филмскиот фестивал Синедејс во Скопје, а филмот уште е во кино дистрибуција низ Македонија.
„Исцелител“ премиерно беше прикажан на „ХБО“ најголемата светска ТВ-мрежа.
Филмот досега беше на фестивалите во Талин (Естонија) и Гоа (Индија), а повеќе светски медиуми напишаа одлични рецензии за дебитанското остварување на Ставрески.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …