(ФОТО) НЕМА КРАЈ НА МАКИТЕ: Сопругата на Бали бег во тешка психичка состојба!

Згодниот турски актер на кого се сеќаваме по неговата улога како Бали-бег во серијалот „Сулејман Величествениот“, Бурак Озчивит (35) поминува низ тежок период.
Имено, на неговата сопруга Фахрије неодамна и починал татко и после неколку годинишна борба со рак на желудник, а таа поради тоа падна во тешка депресија и во никој случај не е во состојба да се справи со тагата. Како резултат, товарот за грижа за нивниот едногодишен син Каран скоро целосно паднал врз Бурак, открил извор близок до сопружниците.


View this post on Instagram

❤️


A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on


„Бурак се обидува да ја убеди да посети психијатар, бидејќи таа е ‘како билка’ повеќе од две недели. Таа тешко дека воопшто јаде и ретко комуницира со своите најблиски. Бурак мислеше дека неговата сопруга, ќе најде утеха, откако го изгуби својот татко во малиот Каран, но таа тешко дека поминува време со него. Бурак последните недели на момчето му е и татко и мајка. Тој дури зема уште неколку дена одмор, па во моментов не е на сетот на костимираната серија Осман, во која тој инаку ја игра главната улога. Тој се надева дека Фахрије наскоро ќе се согласи да оди на психијатар за да и помогне да се врати во нормала“, изјавил изворот.

Да потсетиме, Бурак и Фахрије го добија својот син Каран во април минатата година, а пресреќниот тато на наследникот веднаш му отвори профил на Инстаграм. Тоа му донесе негодување од јавноста и остри критики.
Турските медиуми објавија дека Бали-бег бил со својата сопруга за време на породувањето, а брачната двојка станала еден од најпознатите парови во Турција и во светот.

Иако сè уште нема фотографии на профилот на Инстаграм на Каран, гордите родители на своите социјални мрежи им ја покажаа на целиот свет нивната најголема среќа. „Каран, мојот вселенски капетан“, напишала гордата мајка.

„Син“, напишал кратко време Бали-бег под фотографијата од стисната тупаница со малечкиот син.

View this post on Instagram

Oğlum.🤜🏻🤛🏻

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …