(ФОТО) Научниците од Хонг Конг ја објавија првата фотографија од корона сојот Омикрон

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од сојот Омикрон на корона вирусот, добиена со помош на електронски микроскоп.
Научниците од Медицинскиот факултет, вклучително и експерти од областа на патологијата и вирусологијата, успеаа да направат микрографија на клетка (Vero E6) на бубрег на мајмун инфициран со сојот омикрон, се вели во соопштението на научниците проследено до Спутник.
Како што прецизирале, фотографијата со мало зголемување покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички.
На микрофотографијата со поголемо зголемување се гледаат агрегати на вирусни честички со шилци на коронавирус на површината.


Претходно беше објавено дека научниците од Катедрата за микробиологија на овој Универзитет успеале да го изолираат сојот омикрон од клинички примероци, што ќе овозможи развој на вакцина против овој нов вид.
Светската здравствена организација соопшти дека новиот вид на коронавирус B.1.1.529 (Омикрон) „предизвикува загриженост“.
Според досегашните заклучоци на експертите, новиот вид може да зарази и луѓе кои веќе биле заразени со корона вирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат – од замор до главоболки и болки во телото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …