Луѓето ширум светот ги следат препораките за заштита од коронавирусот и набавуваат маски, очила, некои дури и заштитни костуми…
Една од оние кои сериозно го сфаќаат коронавирусот е супермоделот Наоми Кембел која на нејзиниот профил на Инстаграм споделила неколку фотографии за неопходната заштита од овој подмолен вирус.
Таа на аеродромот во Лос Ангелес била видена во сосема необично издание за неа, која секогаш ги промовира модните новитети. Сега била, од глава од петици, облечена во заштитен костум, имала маска, капа и очила…
Познатата манекенка очигледно дека сериозно го сфатила коронавирусот бидејќи на една фотографија напоменува дека заштитната опрема ја набавила на Амазон пред шест недели…
Фотографиите ги споделила и на нејзиниот профил на Инстаграм за да ја подигне свеста за сериозноста на коронавирусот.