Кејт важи за една од иконите на стилот, и повеќе од останатите претпочита едно парче облека…
Војвотката од Кембриџ е позната по автентичното кралско однесување, но и по облекувањето кое му личи на член на кралското семејство, но со допир на свежина и личен печат што го внесува во своите стајлинзи.
Нејзините стајлинзи се меѓу најоценуваните и најкоментираните од модните експерти, но и од јавноста. Многу повеќеотколку стиловите на кој било друг член на кралското семејство во Европа, но и пошироко.
Без разлика дали е лето или зима – Кејт Мидлтон тешко ќе ја видите во панталони или во костум. Тоа едноставно не е „her cup of tea“ (нејзината чаша чај).