Оваа посета на татковината, Шпанија, нема да му остане во добро сеќавање на Антонио Бандерас кој соопштил дека својот 60. роденден ќе го прослави во карантин бидејќи една од честитките била и онаа дека добил корона вирус…
“Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот”, напиша тој на Твитер.
„Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро“, додал тој.
„Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот“, напиша тој.
Тој додаде дека во изолација планира да чита, да пишува, да се одмори и да прави планови и дека го слави својот 60-ти роденден полн со желба и ентузијазам.
„Голема прегратка за сите“, напиша актерот, кој моментно е во неговиот дом во Кобам, Сари, Велика Британија.