(ФОТО) Научниците ги тестирале заштитините маски: Откриено кои се најефикасни против корона вирусот!

„Сакаме да потенцираме дека навистина ги охрабруваме луѓето да носат маски, но сакаме тие да носат маски кои навистина функционираат“, заклучил Фишер.

Коронавирусот, непотребно е да се каже, не отиде никаде. Бројот на нови случаи на глобално ниво е во пораст од крајот на минатиот месец, а бројот на дневни смртни случаи, по драстичен пад од крајот на април, повторно драматично се зголемува.
Бројот на потврдени случаи од почетокот на пандемијата надмина 20. милиони, повеќе од 6. милиони случаи на коронавирус сè уште се активни, а повеќе од 734. илјади луѓе починаа.
Но, враќањето во целосен карантин е малку веројатно, ниту во САД, ниту во други земји. Во исто време, маските се, и покрај нерационалниот отпор и дезинформациите што се шират околу нив, едно од најефикасните оружја за борба против новиот бран епидемија, што го потврдија новите истражувања и експертите за јавно здравје ширум светот.


Тим истражувачи од Катедрата за физика при Универзитетот Дјук во САД, спровеле едноставен експеримент за да ја тестираат ефективноста на различни типови маски за да утврдат која најдобро го спречува ширењето на вирусот.
Еден од авторите на студијата излезе со идеја кога му помагал на локално здружение да купи маски на големо за локалната заедница. Професорот сакал да биде сигурен дека здружението ќе купи маски кои се навистина ефикасни, пишува Си-Ен-Ен.
Затоа, истражувачите користеле релативно едноставен метод за да ја тестираат ефективноста на различните маски, користејќи ласерски зрак и мобилен телефон, да го анализираат преносот или ширењето на респираторните капки кои излегуваат од устата на еден човек што разговара – додека не носат маска и носат различни видови маски.Студијата е објавена во петокот во научното списание на Американското здружение за унапредување на науката со наслов „Евтино мерење на ефективноста на маските за лице во филтрирањето исфрлени капки за време на говор”.
“Користиме црна кутија, ласер и камера. Ласерскиот зрак се шири вертикално за да формира тенка површина на светлина што осветлува низ процепите на левата и десната страна на кутијата”, изјавил еден од авторите на студијата, професорот Мартин Фишер, за Си-Ен-Ен.



Имено, кутијата имала дупка на предната страна во која може да зборува лицето што учествува во експериментот. Камерата на мобилниот телефон на задниот дел од кутијата ги снима капките расфрлани светло кои минуваат низ ласерскиот зрак во сите насоки.
Тогаш алгоритмот на компјутерот ги брои капките што се гледаат на сликата.

Истражувачите тестирале 14. широко достапни маски, вклучувајќи ја професионалната маска со филтер N95 за микроскопски фини честички, најчесто користени од здравствените работници. Секоја маска е тестирана 10. пати, при што истата личност зборувала и без маска како контролно сценарио.


Маските N95 биле, како што се очекувало, најефикасните, со еден важен детал – маската N95 без вентил е многу поефикасна во задржувањето на респираторните капки на носителот отколку маската N95 со вентил, бидејќи овој вентил создава силен проток на воздух кон надвор. Истражувачите потенцираат дека вентилот не ја намалува заштитата на лицето што ја носи маската, но може да ја намали заштитата на оние околу него, поради што маската N95 без вентил е генерално поефикасна.
Таа била проследена од трислојните хируршки маски, па дури и двослојните памучни маски, порабени според упатствата на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Интересно е што, маските со вентил N95 штителе полошо отколку памучните маски.


Маските од флис што се носат околу вратот, честопати користени од џогери и велосипедисти (gaiter mask), биле најмалку ефикасни, а плетените маски и марами, исто така биле на дното во однос на бројот на честички што ги запирале.
„Бевме крајно изненадени кога видовме дека бројот на честички што минуваат низ фликс, всушност го надминува бројот на честички што минуваат без никаква маска“, рекол Фишер. Причината е веројатно дека во таквите маски материјалот ги распрснува поголемите капки во помали што сè уште минуваат и со тоа се зголемува нивниот вкупен број, но исто така го олеснува нивното пренесување преку воздухот.
„Сакаме да потенцираме дека навистина ги охрабруваме луѓето да носат маски, но сакаме тие да носат маски кои навистина функционираат“, заклучил Фишер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …