(ФОТО) Најубави фотографии од Украина кои ќе ги видите денес

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко утринава објави фотографии од новородени бебиња, за кои наведува дека се родени за време на гранатирањето.
Неговата објава ја пренесуваме во целост:

„Лицето на војната
На третиот ден од војната, која ја започнаа руските окупатори, под гранатирање и експлозии, животот е во полн ек и се појавуваат криците на новородените Украинци.
Вчера во Керсон, под оган, се родиле две момчиња, во засолништето за бомби на едно породилиште. Два нови животи кои веќе имаат војна во нивниот генетски код. Ние и тие никогаш нема да заборавиме и нема да простиме!
Животот продолжува, раѓаме деца и никој не може да не победи!


Ние сме неверојатно горди на нашите лекари! Вие, заедно со армијата, безбедносните сили и спасувачите, се држите неверојатно! Ниту една болница не е затворена, сите работат и обезбедуваат медицинска нега. Никој не се исплаши и сите го гледаме непријателот во очи. Ние сме на своја земја! Ние ги штитиме нашите семејства. Секој е на своето место.
Никогаш не мислев дека ќе барам панцири за лекарите. Но, поради дејствијата на руските терористи кои намерно пукаат во амбулантни возила, принудени сме на тоа. Медицинскиот систем продолжува да работи, а министерството од своја страна прави се што е можно и невозможно болниците да имаат се што им е потребно. Дури и да не е војна, туку, на пример, Ковид-19, кој исто така не исчезна, а на пациентите на интензивна нега сè уште им треба кислород.
И колку и да ни пречат окупаторите, ние се трудиме брзо да доставуваме кислород до болниците, да преговараме со превозниците, да обезбедиме логистика за секој пациент да добие помош, бидејќи ние сме едно исто!
За жал според оперативните податоци имаме 198. загинати меѓу кои и три деца. Ранети се 1.115. лица, меѓу кои 33 деца.
Армијата ја брани државата со оружје во рака, а оружјето на медицинските лица е несебичната работа. Никој не е дома три дена, а нема да биде наскоро. Но, ние сме подготвени и се одбиваме. Слава на Украина! Слава на вооружените сили!“


Три дена војна во Украина
Потсетуваме дека руските војници ја нападнаа Украина рано наутро во четвртокот по наредба на рускиот претседател Владимир Путин. Путин ја нарече воената интервенција во Украина „специјална воена операција“, а руските војници за само 24. часа успеаја да ја освојат централата во Чернобил и да се приближат на само 30. километри од Киев.
Вториот ден од руската агресија врз Украина беше одбележан со борби во околината на Киев и офанзива на Харков, град на истокот на земјата. Исто така, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили го зазеле градот Чернихив на северот на земјата, но и аеродромот Гостомељ во предградието на Киев.
Третиот ден во центарот на вниманието е главниот град на Украина, каде според украинските власти во текот на ноќта се слушнале истрели и експлозии. Исто така, украинските власти објавија фотографии од гранатираната станбена зграда во Киев, во која, според последните податоци, нема жртви.

Фото:Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …