(ФОТО) Најсиромашниот претседател на светот се повлекол од политиката

Хозе Пепе Мухика се залага за теоријата дека моќта не ги менува луѓето, туку само го открива нивното вистинско лице.

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, кого многумина го нарекуваа најсиромашен претседател на светот поради неговиот скромен начин на живот, поднесе оставка од функцијата сенаторот и се повлече од активната политика. Мухика се залага за теоријата дека моќта не ги менува луѓето, туку само го открива нивното вистинско лице.
Хозе Мухика (85) до 2015. година беше претседател на Уругвај, а после тоа ја извршувал функцијата на сенатор.
Тој поднесе оставка поради пандемијата на коронавирусот.
„Има моменти во животот кога доаѓаш и си одиш. Благодарност до моите приврзаници кои ме поддржуваа 26 години. Со години не култивирав омраза во својата градина, научив тешка лекција што ми ја даде животот, омразата ве прави глупав“, рекол Мухика.
Поради неговата возраст и хронични здравствени проблеми, поради коронавирусот, тој не може целосно да ја извршува својата должност и затоа поднел оставка.



Хозе Мухика е роден во 1935. година во Монтевидео, во семејство на европски имигранти – неговиот татко имал баскиско потекло, а неговата мајка била со италијанско потекло. Студирал право, но сепак повеќе го привлекувала политиката. Во време кога цела Латинска Америка пулсирала од репресијата на режимот, тој застанал на страната на герилското Движење за национално ослободување – Тупамарос. Тие биле инспирирани од кубанската револуција, ограбувале банки и им помагале на сиромашните, пркосејќи им се на корумпираните уругвајски власти и чекајќи можност за државен удар.
Тие биле во немилост, апсени и измачувани. Самиот Мухика бил ранет шест пати во таа борба, бил затворен четири пати, двапати избегал од затвор, а потоа бил уапсен и оковале. Тој поминал вкупно 13. години во затвор, од кои две во самица.


Инаку, додека тој бил претседател на Уругвај, тој донирал 97. проценти од својата плата, возел Фолксваген Буба од 1987. година и продавал цвеќиња, кои тој и неговата сопруга ги одгледувале во сопствената градина. Живееше во скромна селска куќа покрај Монтевидео со неговата сопруга, сенаторка и поранешна герилка Луција Тополански и триножното куче Мануел. Тој немаше телохранители, ниту возен парк. Тој исто така ја одбил пензијата која му припаѓала поради времето поминато во Уругвајскиот сенат.


Хозе Пепе Мухика се залага за теоријата дека моќта не ги менува луѓето, туку само го открива нивното вистинско лице.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …