(ФОТО) Најшокантна сцена од турскиот пекол – ТАТКО ЈА држи РАКАТА НА МРТВАТА ЌЕРКА

ЛУЃЕТО се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреда.
Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени.
Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.
Покрај последователните потреси, спасувачите се борат и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреда.
Една од најшокантните фотографии доаѓа од градот Кахраманмарас, кој беше уништен од земјотресот.

Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка Ирмак, која лежи мртва на креветот, затрупана во урнатините, ден по катастрофалниот земјотрес.


Извор: Nportal

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …