(ФОТО) Најнова холивудска двојка: Легендарната пејачка две години по смртта на сопругот среќата ја пронајде во култниот Гладијатор!?

Холивудските медиуми известуваат за нова љубовна врска на две легенди – Селин Дион и Расел Кроу…
Славната пејачка Селин Дион (50) пред две години се соочи со тежок период во нејзиниот живот, бидејќи нејзиниот сопруг Рене Анжели почина, но сега очигледно повторно ја пронајде својата среќа.


Наводно нејзината нова љубов е Расел Кроу, што многумина ги изненади, пренесува Hollywood Life.
“Се гледаат многу често веќе неколку недели, иако нивната врска е на почеток, исто како да се познаваат со години”, вели извор близок до пејачката и глумецот.


Расел е голем љубител на музиката на својата нова избраничка и таа е негова долгогодишна симпатија. И двајцата неодамна поминаа низ тежок емотивен период и токму тоа всушност ги поврза.


Расел имено неодамна се разведе од сопругата Даниел Спенсер, со која им два сина, и тоа беше мачен период за него. Ниту пејачката, ниту глумецот сè уште не го коментирале својот однос.

Да се потсетиме, пејачката го загуби сопругот поради борбата со рак на 73. години, а само два дена подоцна почина и нејзиниот брат на 59 годишна возраст.Селин Дион од бракот со Анжели има три сина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …