(ФОТО) Најголемата авганистанска ѕвезда се јавила од авионот за евакуација: „Добро сум, жива сум!“

Една од ретките жени што се качија на авионот за евакуација е Аријана Сајед, авганистанска поп -sвезда. Таа на Инстаграм сподели фотографија од авионот и ги извести своите следбеници, кои бројат повеќе од милион, дека е добро.
„Во едно од моите неодамнешни интервјуа, реков дека ќе бидам’последниот војник што ќе ја напушти татковината ‘, и токму тоа се случи“, го започнала текстот покрај фотографијата.

„Како резултат на неодамнешните промени што се случија, се молам и се надевам дека моите прекрасни луѓе ќе можат да живеат мирно, без страв од бомбаши самоубијци и експлозии. Моето срце, молитви и мисли секогаш ќе бидат со вас”, додава таа.
Таа им напишала на своите придружници дека е благодарна за нивните пораки за поддршка и молитви.
„Чувствувам благодарност до секој од вас за љубезните желби и молитви упатени затоа што бевте загрижени за моето присуство во Авганистан, откако многумина кои се во помала опасност од мене веќе ја напуштија земјата. Јас сум добро и жива”, објасни пејачката.


„По неколку ноќи кои никогаш нема да ги заборавам, пристигнав во Доха, Катар и сега чекам можен лет за Истанбул. Имам толку многу приказни да споделам со вас, моите најблиски. Но, засега, бидете безбедни и обединети, Аријана ве сака”, напишала таа за крај.
За време на владеењето на Талибанците, речиси целата музика беше забранета во Авганистан. Аријана инспирираше многу жени да ги следат своите соништа кон музиката и затоа доби бројни смртни закани, од кои некои беа упатени од Талибанците.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Облици на идентитет“ – Изложба на ликовните уметнички Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

Во вторник, 5 ноември 2024 година, во 20:00 часот, во КСП Центар Јадро, ќе биде …