(ФОТО) Најбогатото дете на светот во маица вредна 900 денари: Кејт Мидлтон не троши многу

Кејт Мидлтон се одлучила за морнарски стајлинг на принцот Џорџ.
Фановите на кралското семејство биле воодушевени кога ја виделе новата фотографија од принцот Џорџ, по повод неговиот осми роденден. А дека Кејт и Вилијам се обидуваат да останат што е можно повеќе во стандардите на „нормалното семејство“, без претерувања и скапи детали, повторно докажале.

Британската јавност брзо ги пронашла деталите за неговата слатка облека, исто како кога станува збор за војвотката Кејт Мидлтон. Неговата мајка Кејт се одлучила за поло маичка Џон Луис и шорцеви Боден во морнарски стил.
Интересно е тоа што темносините панталони чинат 23. фунти и, како што објавија британските медиуми, сè уште се достапни во продавниците. Кога станува збор за сино-портокаловата маичка во риги, цената е уште подостапна, помеѓу 8. и 12. фунти (една фунта според средниот курс е 72. денари), и веќе е распродадена низ цела Британија.


View this post on Instagram


A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Кејт, како кога станува збор лично за неа, секогаш се обидува да не троши големи количини пари на материјални работи, како што е облеката.
Принцот Џорџ на фотографијата има широка насмевка а сите забележуваат колку тој изгледа како неговиот татко, односно принцот Вилијам.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …