(ВИДЕО+Рецепт) Летно слатко кое го освои светот: Вистински летен десерт кој се подготвува за 10. минути!

Секој сака освежителни десерти, а особено во овие жешки денови, а ако самата подготовка не бара многу време и терени и пари, задоволството е уште поголемо.
Овој десерт е исклучително популарен поради неговата лесна подготовка, а содржи и јогурт, што му дава посебен шарм и секогаш е добро решение кога ќе дојде летото.
Состојки:
20 гр желатин
3 жолчки
100 гр шеќер
350 гр млеко
1 лажичка ванилин шеќер
300 гр грчки јогурт
6-10 бисквити
Подготовка:
Измешајте го желатинот со вода. Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, па ставете да се вари. Потоа додајте го млекото и оставете да зоврие. Тргнете од ринглата и додадете го набабрениот желатин и измешајте го сето тоа, па додадете го грчкиот јогурт. Истурете ја смесата во сад од 12 × 20 см претходно обложен со хартија за печење, а потоа ставете ги бисквитите над смесата. Покријте го садот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да стои три часа. После тоа, извадете го садот од фрижидерот, свртете го колачот на послужавник, извадете го од садот и посипете со рендано чоколадо.


Фото: Принтскрин/Youtube/WhatToCook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …