(ФОТО) Најавата на концертот на Тамара Тодевска наиде на лош одзив: На страницата на „Авалон“ на Фејсбук осамнаа многу негативни коментари!

Најдобро пласираната претставничка на Македонија на „Евровизија“ очигледно не е прифатена од сите граѓани на Северна Македонија. Доказ за тоа се секако коментарите кои се појавија на Фејсбук страната на Авалон продукција по објавувањето дека тие ќе го организираат концертот на Тамара Тодевска на 27. јули во Антички театар во Охрид...
Како што е типично за нашите простори секој како знае и умее почна да пишува и да искалува бес насочен кон Тамара после што следеше реакција на продукцијата…која замоли да не се пишуваат коментари со навредливи содржини…
“Почитувани, најљубезно ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да не пишувате коментари со навредлива содржина и да не употребувате говор на омраза! Во спротивно истите ќе бидат избришани. Доколку имате било какви прашања, нашите администратори ви стојат на располагање во инбокс. Поздрав и убав ден на сите”, напишаа администраторите на Авалон откако добија низа коментари во кои се зборува за настанот во негативен контекст.
“Благодарам Авалон да знам кога да не одам во Охрид. Многу важна информација”, пишува Горан Бошковски.
“Ме интересира што според Авалон е говор на омраза. Особено кон некој, кој со се што се стекнал во животот, го стекнал во Македонија, а сега плука по тоа. Или се водите по премисата, исто како и дотичната ванаби хомо сапиенс, дека се и секој има цена, па нека ни се плати добро, па шта нас брига.Удри бригу на весеље. А за бришење на коментари ??? Со должна почит, класично скопски. МЕ ЗДОБОЛЕ !!! П.С. Ако северџанија има цена, Македонија НЕМА !!!”, порачува Павле Дордуловски.
“Уште Евровизискиот настап не сме го заборавиле”, пишуваат други граѓани.
Заканата на админите на Авалон на Фејсбук ја укина сопственикот на продукцијата Бобан Милошовски кој напиша дека администраторите на ФБ групата на Авалон без негова согласност бришеле коментари.
Што значеше дека слободното пишување можеше да продолжи…
Сите коментари можете да ги погледнете на овој ЛИНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …