(ФОТО) „Надреален“ стаклен мост во Кина и тоа како е реален

Стаклениот мост Руји  во кинеската провинција Џеџанг многу брзо стана туристичка атракција што ја видоа повеќе од 200.000 посетители.
Инспирацијата за изградба на мостот лежи во кинескиот симбол на среќата „руји“. Мостот е делумно направен од стакло, се наоѓа 140 метри над земјата и се состои од три брановидни мостови.


Дизајниран е да се вклопува со својата природна средина, така што линиите на мостот и планините меѓу кои се наоѓа се совршено интегрирани.
Првите фотографии од мостот беа критикувани, бидејќи луѓето беа сигурни дека конечниот производ нема да личи на оригиналната идеја – повеќето мислеле дека вакво нешто е невозможно да се изведе и дека фотографиите од мостот се лажни.
Меѓутоа, по отворањето на мостот во септември 2020. година, работите се сменија и мостот наскоро стана водечка туристичка атракција во овој дел на Кина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …