Пред три години Ели Берлин не можела да држи четкичка за заби во раката ниту да стави кармин, но денес таа ги подучува жените за тоа колку всушност се јаки.
Ова е нејзиното искуство откако со само 23. години доживеала мозочен удар.
„Миев чинии кога одеднаш почувствував дека нешто не е во ред со мојата уста и вилица. И токму кога помислив да се јавам и да прашам какво ќе биде времето – не можев да зборувам. Само мрморев. Се обидов да се јавам на дечкото, но не успеав да го отклучам телефонот. Како мојот мозок да знаеше кои броеви треба да ги отчукам, но прстите не слушаа. Некако потоа успеав да го добијам, па едвај успеав да одам до блискиот ургентен центар.Лекарите прво ме прашаа дали се дрогирам. Ме испратија дома со објаснувње дека тоа било само напад на паника. Таа вечер заспав не знаејќи дали наутро ќе се разбудам.Утредента повторно отидов на лекар, бидејќи знаев дека не сум луда и дека не го измислувм тоа што ми се случи, и повторно ме прашаа дали користам кокаин. Потоа конечно утврдија дека сум имала удар. Ја влечев десната нога, немав претстава каде се наоѓаат работите околу мене. Бев најмлад пациент на физикална“ раскажала Ели која денес е инструкторка по фитнес и жена која ги мотивира другите дека мораат да бидат јаки и трпеливи.
Своето искуство го опишува како „пат до пеколот и назад“.
Вели дека најтажно било тоа што како уметничка повеќе не можела да црта.
„Многу работев и дури после една година имав дарба во рацете. Ставањето кармин, сечењето на нешто на половина, миењето заби – тоа за мене, едно време, беше мислена именка. Морав да јадам мали залаци бидејќи грлото ми беше намалено. И вода пиев по малку, се’ мислев дека ќе се задавам.На терапијата на говор најчесто се чувствував толку глупава“ раскажува ова храбра девојка на која неколку месеци подоцна и се случил уште еден пех.
Се онесвестила додека била под туш, имала аритмија која го успорила нејзиното опоравување.
„Минаа три години откако се шлогирав. И понатаму понекогаш имам проблем со говорот, особено кога сум уморна, читањето и понатаму е предизвик, но се’ во се не можам да се жалам. Научив колку моето тело ме сака. Телото и мозокот претрпеа толку многу за да се опорават. Затоа грижете се за своето тело со здрав живот бидејќи, кога првпат се симнав по скали без поддршка, плачев.Кога вежбам, па ќе помислам дека не можам повеќе, се сеќавам на сето ова. И понатаму не знам зошто доживеав излив, но знам дека тоа ме зајакна. Мојата страст кон фитнесот не би била иста.А, бев до пеколот и назад за да се пронајдам себе“.