(ФОТО) Крајот на серијата “Игри на престолите” ќе има повеќе верзии, но само продуцентите знаат како ќе заврши

Ваквата метода на снимање на повеќе можни завршници е користена и во сериите “Breaking Bad”, “The Sopranos” и “Dallas”

Со цел да го намалат ризикот од хакирања и објавување на информациите за сценариските заплети, од HBO најавиле дека ќе бидат снимени повеќе верзии на последната епизода од осмата сезона на серијата “Игри на престолите”.
“Кога имате серија која долго се прикажува, морате да го направите тоа. Бидејќи кога нешто снимате, луѓето знаат. Затоа ќе направиме повеќе верзии и никој нема да знае како серијата навистина ќе заврши”, вели претседателот на програмата на HBO, Кејси Блојс.


Седмата сезона на “Игри на престолите” ја одбележаа бројни хакерски напади. Хакерите објавија сценарија, документи и необјавени епизоди. Поради една епизода која ја објавиле хакери од Индија биле уапсени четири лица.
Снимањето на осмата и последната сезона од серијата ќе започне во октомври оваа година, а Variety пишува дека истата најверојатно нема да биде емитувана до 2019 година.

“Нашите луѓе од продукцијата пробуваат да пресметаат колку време ќе биде потребно и’ за снимање на специјалните ефекти. Самото снимање е доволно комплицирано бидејќи се снима на различни континенти и со сите технички аспекти”, вели тој.
Ваквата метода на снимање на повеќе можни завршници е користена и во сериите “Breaking Bad”, “The Sopranos” и “Dallas”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …