(ФОТО) МУНИЦИЈАТА НЕ БИЛА ОБЕЗБЕДЕНА: Еве што му претходело на смртоносниот истрел на Алек Болдвин!

Лицето задолжено за оружјето на сетот на филмот на Алек Болдвин, Хана Гутиерез, им рекла на истражителите дека го проверила оружјето, но дека во него немало вистински куршуми пред кобниот инцидент минатата недела во кој беше убиена снимателката.
Според судските документи објавени денеска, задолжената за оружјето, Хана Гутиерез, исто така рекла дека муницијата не била обезбедена за време на паузата за ручек на сетот на вестернот што се снимал во Санта Фе, Ново Мексико.
Полицијата во Санта Фе денеска одржа прес-конференција на која извести за нови детали за убиството на Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“. Ова е прва ваква конференција по трагичното убиство на снимателката.
Инцидентот се случил во четвртокот попладне за време на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Bonanza Creek јужно од градот Санта Фе. Актерот Алек Болдвин за време на вежбата и извлекувањето на пиштолот го убил директорот на фотографија Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза. На Болдвин му било кажано дека пиштолот е празен и не е опасен.


Окружниот шериф Адам Мендоза и Мери Кармак-Алтвајс, окружниот обвинител на Санта Фе, им кажале на новинарите нови официјални информации за случајот. Мендоза рекол дека двајца членови на тимот, помошник-режисер и задолжената за оружјето, ракувале со огненото оружје пред актерот Алек Болдвин да го испука смртоносниот истрел.
„Сите три лица соработуваа во истрагата и дадоа изјави“, рекол Мендоза.
„На сетот биле запленети околу 500 парчиња муниција“, рекол Мендоза, додавајќи дека доказите ќе бидат доставени до ФБИ на понатамошна обработка.
Тој рекол дека е премногу рано да се коментираат можните наводи.
Мендоза, исто така, рекол „дека на сетот биле пронајдени и други опасни куршуми“ и дека најверојатно ја пронашле чаурата што го погодила Соуза.



Окружната обвинителка нагласила дека истрагата за инцидентот се уште е во тек, но дека е подготвена да „поднесе кривична пријава“ доколку е потребно.
– Морам да нагласам дека за нас е клучна целосна и темелна истрага. Ги разгледуваме фактите и доказите и ги поврзуваме со законот на Ново Мексико – рекла Кармак-Алтвајс, истакнувајќи дека нејзината канцеларија „ќе се погрижи оваа истрага да се води според највисоките стандарди“.
Засега никој не е уапсен за убиството на Халина Хачинс, а не е покренато ниту обвинение.
Шерифот на округот Санта Фе денеска изјави дека властите пронашле оловен куршум испукан од оружје што актерот Алек Болдвин го користел за снимање на филмот во кој е убиена снимателката.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …