(ВИДЕО+ФОТО) НЕКОЈ ГО НАМЕСТИЛ АЛЕК БОЛДВИН? Инспекторите се сомневаат дека инцидентот во кој актерот ја уби снимателката не бил случаен!

Случајот со убиството и ранувањето на снимањето на филмот „Rust“ се уште е мистерија. Алек Болдвин (63) со филмски пиштол ги застрела снимателката Халина Хачинс и режисерот Џоел Суза, поради што таа им подлегна на раните.
Инспекторите не ја исклучиле можноста несреќата да не била случајна, пишува New York Post.
Имено, се уште никој не е уапсен или обвинет, но сепак се зема предвид дека можно е сето тоа некој внимателно да го испланирал.


View this post on Instagram

A post shared by Kc Brandenstein (@kcbrands5)


– Многу работи кружат на интернет, па ако луѓето имаат и информации, дефинитивно треба да не контактираат – изјавил Хуан Риос, одговорниот за односи со јавноста во полицијата во Санта Фе.
Тој додал дека полицијата работи „полека и методично за најдобра цел на истрагата, но дека ќе потрае некое време“, се’ поради бројот на сведоци на лице место кои допрва треба да бидат сослушани.
– Мораме да дадеме се од себе и да обезбедиме интегритет на истрагата, бидејќи кога се поднесуваат обвиненија, тој случај мора да се води и на суд – објаснил Хуан.


Детективите направиле список на запленети предмети од ранчот „Бонанза Крик“, каде меѓу другото имало три револвери, најмалку 9. чаури и муниција во кутии, како и торба полна со куршуми, а имало и чаури на самиот сет. Не е наведен видот на муницијата која е пронајдена, ниту се наведуваат повеќе детали.

Да потсетиме, Иан А. Хадсон, еден од актерите во овој филм раскажал дека снимањето било „опасно по живот“. Тој бил преплашен додека снимал сцена во која други го убиваат неговиот лик на одметник користејќи 20. вистински пиштоли и две вистински пушки.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …