(ФОТО) МОЖЕТЕ ЛИ ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ – Се сеќавате ли на момчето Кан од серијата „1001 ноќ“, има 21 година и не глуми

Турската серија „Бинбир Гече“, кај нас позната како „Илјада и една ноќ“, која се прикажуваше од 2006 до 2009 година, беше една од првите турски серии прикажани во наше поднебје.
Серијата отворено го најави „пробивот“ на турската кинематографија на Балканот. Оттогаш поминаа нешто повеќе од десет години, а на нашите ТВ станици се појавија стотици турски серии.
Сепак, многу луѓе се уште се сеќаваат на една од првите турски сапуници, која исто така „закова“ многу луѓе на малите екрани. Дејството на серијата е сместено во Истанбул, Турција. Главните улоги ги толкуваат Халит Ергенч, Бергузар Корел, Тарду Флордун и Џејда Дувенчи.

Покрај главните ликови Онур и Шехерзада, вниманието на многумина го привлече и момчето Кан, кое беше во центарот на дејството на оваа серија. Малиот Кан имаше пет години за време на снимањето на серијата, а денес порасна во маж.
Момчето Кан го играше Ефе Цинар и стана телевизиска ѕвезда откако ја играше улогата на синот на Шехерзада, кој боледува од леукемија. По смртта на нејзиниот сопруг, Шехерзада се вработува во градежна компанија, каде што го запознава Онур. Откако дознал дека треба да собере поголема сума пари за лекот за синот, се согласува на се само за да го спаси синот.
Ефе денес има 21 година, а не тргна лпо патот на многу млади ѕвезди, односно не решил да глуми, туку се повлекол од јавниот живот и живее живот далеку од очите на јавноста.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Докуметарецот „Лука” прикажан на Мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА Фест”

На втората фестивалска вечер од Мултимедијалниот алтернативен фестивал„ГИГА Фест”, која се одржа на платото пред …