(ФОТО) МОЖЕТЕ ЛИ ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ? Ирскиот актер целосно го променил изгледот за улогата, глуми во серијата „The Penguin“

Ирскиот актер Колин Фарел целосно го промени својот изглед за снимањето на серијата „The Penguin“, која е продолжение на „The Batman“.
Како што можете да забележите, овој 46-годишен актер го игра криминалецот Пингвин. Тој бИЛ фотографиран на снимање во Њујорк со колешката Кристин Милиоти, која ја игра Софија Малконе, ќерката на нарко босот Кармин Фалконе.


„Ова е еден од тие моменти. Се прашувате: ‘Каков живот сакам?’. Светот не е создаден за ликови како нас. Затоа мораме да земеме се што мислиме дека е наше“, рекол Колин во трејлерот.

View this post on Instagram

A post shared by Bruce (@brucecbmfan)



Режисер на серијата е Мет Ривс, а снимањето ќе трае до средината на оваа година. Ќе има осум епизоди и ќе биде објавена на сервисот Max (поранешен HBO Max). Се уште не е познат точниот датум на почетокот на емитувањето.


Во моментов не се познати многу детали ниту за остатокот од актерската екипа. Списанието Deadline минатиот месец објави дека Кленси Браун ја добила улогата на Салваторе Марони. Колин претходно во интервју за Variety изјави дека немал поим дека режисерот ќе го праша за снимањето на серијата за Пингвин.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …