Актерката е фотографирана со своите ќерки и поранешниот сопруг Винсент Касел во ресторан во Италија, за време на вечера…
Моника Белучи и Винсент Касел останаа во коректна врска по разводот, иако странските медиуми шпекулираат дека не се согласуваат многу добро. Сепак, заедничките фотографии од Италија докажуваат дека тие двајца добро функционираат.
Италијанската актерка и славниот Французин поминале десет дена во Италија со своите ќерки Дева (15) и Леони (10). Тие се фотографирани во познат ресторан како уживаат во вечерата, а причината за собирот била прилично посебна.
Нивните наследници снимале на езерото Комо во Италија за нова кампања за модната куќа „Долче и Габана“, со која славната италијанка соработуваше на почетокот на нејзината манекенска кариера, а учествуваше неколку години и во нивната контроверзна кампања покажувајќи ја врската помеѓу модата и религијата.