Музичарот и глумец Трини Лопез починал од корона

Американскиот музичар и актер Трини Лопез, најпознат по хитот „If I Had A Hammer“ и неговата улога во филмот „Дванаесет жигосани“, починал на 84-годишна возраст од последиците од коронавирусот, јавуваат светските медиуми.
Музичката sвезда од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, Трини Лопез, е роден во Далас во 1937. година во семејство со мексиканско потекло. Неговиот татко исто така се бавел со музика и глума, а помладиот Лопез го собрал својот прв бенд на 15-годишна возраст. Историјата на популарната култура, исто така, забележува дека тој не минал на аудиција за член на придружната група на пионерот на рокенролот, Бади Хол, по што се преселил во Лос Ангелес, каде во еден клуб го слушнал Френк Синатра и „го зел под своето крило“.
Лопез го сними својот деби албум во 1963 година, на кој имало фолк, рокенрол и традиционални мексикански песни. Неговата обработка на фолк песната „If I Had A Hammer“ му донела „Златна плоча“ и го однела на врвот на топ листите во 36 земји (трето во Америка и четврто во Велика Британија), по што следат хитовите “Lemmon Tree”, “I‘m Comming Home, Cindy” и „Sally Was a Good Old Girl”. За време на таа деценија, тој снимал по пет синглови годишно, а последната плоча ја снимил во 1978 година.
Тој дебитирал на големото платно во 1965 година во камео улога во комедијата „Бракот на карпи“ со Френк Синатра и Дебора Кер во главните улоги, а најпознат е како Педро Хименез од познатиот филм „Дванаесет жигосани“ од Роберт Олдрич. Тој се појавуваше повремено во филмови и ТВ серии до пред четири години.
Производителот на гитарите „Гибсон“, исто така, направил два модела со неговото име, стандард и луксуз, а овие инструменти денес се вредни колекционерски предмети.
Трини Лопез не се женел и нема деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …