(ФОТО) Многумина денес не би го препознале прославениот југословенски глумец: Жените „сечеле вени“ по него, а вака изгледа денес!

Миленикот на жените, Аљоша Вучковиќ, денес наполни 72. години, а глумел во повеќе од 70. остварувања. Во повеќе наврати напоменувал дека никогаш не бил амбициозен и дека секогаш чекал режисерите да го повикаат за да глуми некаде.


Аљоша Вучковиќ е легендарен глумец од поранешната Југославија. Денес го слави 72 роденден, но поради болест тој се повлече од јавниот живот и веќе не глуми. Многумина го паметат по улогите во култните серии „Подобар живот“, „Вело мисто“, „Враќање на отпишаните“ и многу други.
Аљоша за себе никогаш не говорел дека е заводник како што го гледале жените.
„Не знам што превагна тука. Не сум згоден. Згоден е Роберт Де Ниро, Антонио Бандерас, Ален делон. Тоа се убави мажи а јас не сум меѓу нив. Можеби имам шарм. Можеби тоа е вљубеност на жените во ликовите кои ги играм. Не знам што им се допаѓа, но неблагодарно е да се говори за тоа бидејќи тоа е терен на кој можете секој момент да се лизнете. Не сакам да се објаснувам себе, би бил најсреќен кога би се запреле на тоа дека жените ме сакаа“, рекол скромниот Аљоша.


Миленикот на жените, Аљоша Вучковиќ, денес наполни 72. години, а глумел во повеќе од 70. остварувања. Во повеќе наврати напоменувал дека никогаш не бил амбициозен и дека секогаш чекал режисерите да го повикаат за да глуми некаде.
„Мислам дека доволно направив. Можам уште, но не сум ниту во години ниту во позиција да прифатам било што. Не ми треба. Мислам дека не е ниту прескромно ниту безобразно тоа што сега го барам својот мир. Кога ќе ме повикаат одам, но ретко, но сепак се трудам се да одработам максимално професионално“, рекол Вучковиќ кој последната година сепак решил повеќе да не глуми поради здравствената состојба.


Во текот на животот често ги менувал адресите па живеел во Бузет, Опатија, Загреб, Хвар, Пљевља, Сараево, Сплит и конечно белград каде што живее и денес.
Аљиоша од бракот со избраничката Едита има две ќерки, Леана и Сара, а веруваме дека денес ретко кој би го препознал без мустаќи и долга коса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …