(ФОТО) Меланија на турнеја во Африка: Во скапа гардероба ги топли срцата на децата!

Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД.


Фотографиите со Меланија Трамп како гушка африкански деца го обиколија светот и ги стопли срцата и на најстрогите критичари кои не и простија на првата дама на САД што на првата самостојна турнеја, во сиромашната Африка носи скапа гардероба. Пред да слета во Акра, Гана, првата станица, носеше скап кафен фустан и леопардови чевли на „Маноло Бланк“ од илјада долари, а за време на престојот избра црвено-бел фустан на „Селин“ од 2. илјади долари.


Меланија, освен Гана, ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет. Во овие земји ќе се фокусира на прашањето на здравјето и образованието и ќе ги посети локалните болници и училишта.


Самостојните патувања се традиција кај првите дами на САД. Мишел Обама во 2010. сама го посети Мексико, а следната година и Африка. Лора Буш, исто така, патуваше сама неколкупати, а првата посета ѝ беше во 2002. година на Европа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …