Регионалното шоу, кое во македонскиот етер го донесе „Канал 5“ и со години ја пополнува програмата со туѓ труд,со години го привлекува вниманието на тв гледачите особено ако меѓу натпреварувачите има и македонски кандидати.
Многумина поминаа, некои дојдоа и до финалето кога се одржуваше во Скопје (како Ален и Филип), други пак беа навредувани за изгледот и облеката…
Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ своевремено бил дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а по напуштањето открил непознати детали за ова музичко шоу.
Тој истакнал дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.
„Не можев да ги навредувам тие деца. Како да навредувам некој, а можеби нема пари? Можеби е сиромашен, дошол од село и нема ништо подобро. Тоа ме нервираше. Е сега, дали моите колеги им даваа совети или сакаа да покажат колку имаат, а тие деца немаат, не ми е човечки. Поради тоа и Зорица Брнуцлиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, истакна дека не сака да оценува како некој се облекува, вели Шаулиќ и додал:
„Саша неколку пати ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг, иако тоа не беше по моја желба. Понекогаш ги слушав и ги пуштав да поминат. Можеби тој во кандидатите видел некој потенцијал, па мислел дека некој му треба за шоу бизнис, дека ќе направи пари или ќе стане ѕвезда“, вели Шабан.

Конечно откриено како „се поминува“ во „Ѕвездите на Гранд“:Шабан Шаулиќ ја открил вистината за судењето!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.