(ФОТО) Меган Маркле, по наредба на кралицата, повторно во школо !

Со мажењето за принцот Хари, Меган Маркле станала војвотка од Сасекс. Но, пред да ги преземе сите должности кои ги извршува една сопруга на британски принц, Меган ќе мора да мине строг курс кој го наложува кралицата Елизабета Втора.
Британските медиуми пишуваат дека Меган Маркле во наредните шест месеци ќе минува низ посебна обука за да што побргу се вклопи во протоколите на кралското семејство и да научи да биде вистински член на монарахијата.
Обуката ќе и ја држи Саманта Коен, 49. годишна асистентка на лордот Геидт, бившиот главен секретар на кралицата Елизабета.
Иако Коен дала оставка и го најавила своето заминување уште во септември минатата година, наводно одлучила да помогне во овој проект.
Имено, лордот Геидт минатата година ги напуштил палатата и своето работно место на кое минал 15. години. Се шушкало, тогаш, дека главна причина за заминување се неговите лоши доноси со принцот Чарлс и неговиот брат, принцот Ендрју.
Во склад со протоколот и поради долгогодишна верност и Саманта тогаш го најавила своето заминување. Сепак, се чини дека кралицата има потреба од неа за една од најважните задачи откако е на власт. Сега на Саманта Коен , придојдената, новопечената сопруга на принцот Хари, ќе треба да ја научи се’ за титулата војвотка која мора да ја оправда.
Меган, родена Аериканка која растела под сосема поинакво окружување од строгите повеќевековни правила на британската аристократија, пред себе има полни раце работа.
Ќе учи се’ за правилата на однесување при кралските ангажмани, кои во иднина ќе ги има многу. Имало многу правила, па за продуквтивна обука биле потребни неколку месеци.
Некои до непишаните модни правила на кралицата Елизабета, војвотката Меган веќе почнала да ги почитува. За своето прво појавување после венчавката 36. годишната војвотка се облекла во скалд со прописите. Носела затворена комбинација на лондонскиот бренд „Гоат“, со најлон чорапи, но и шешир, кој се препорачува за сите посвечени пригоди. Исто така на ноктите можела да и се види светла нијанса бидејќи на членките на кралското семејство им се забранети темни и јаки нијанси.
Иако јавноста немала можност да го види тоа, на роденденот на принцот Чарлс подоцна била одржана и службена „чаенка“, еден од зачестените настани на англискиот двор. За да се вклопи, Меган морала да научи правилно да ја држи шољата.
Шољата се држи на посебен начин и под одреден агол се зема голтка по голтка. При тоа треба да се внимава и на положбата на млечкиот прст и палец кои се клучни за правилно држење на шољата.
Можеби самоуверената Американка до сега ги кршела првилата на кралското семејство, но од сега почнува нов период во кој ќе мора да покаже дека се покорила на строгата традиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …